Принцези, Бетмени, индијанки, Елса, Маша, капетан Америка, вештерки, денес дефилираа низ улиците на Кисела Вода. Дечињата од сите градинки и училишта од оваа општина, во организација на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и овие институции, маскирани во своите омилени ликови од цртаните филмови и приказните, а предводени од своите воспитувачки, учителки и наставнички, го одбележаа 1 Април.
По дефилето, следуваше заедничка приредба во парковите, а централната манифестација се случуваше во паркот Пушкин , во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, каде настапија дечињата од градинките.
Ведрата и весела атмосфера ја надополни и публиката во која имаше и повозрасни лица кои одлучиле Денот на шегата да го одбележат со маска.