
Во синоќешното шоу, Миленко Неделковски го објави Уверението за завршено студирање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кое се гледа дека нејзиниот просек бил 6,24. Јанева воедно студирала 7 години. За положените предмети добила 5 седумки и 28 шестки, пишува Курир.
Новинарот Бобан Нонковиќ кој гостуваше во синоќешната емисија истакна дека според уверението се гледа дека Катица Јанева можеби била многу добро простудирана и избрана од купот обвинители.
-Таа го деградира Правниот факултет кој го претставува. Имаме човек со 6,24 просек, јас не верувам дека во Европа со ваков просек има приправник во адвокатска канцеларија, а не обвинител. Ние имаме избран феноменален профилкој ќе ја игра улогата на кукла, вели Нонковиќ.
Професорот Александар Климовски вели дека несмасноста во нејзините изјави и театарскиот настап кој го има во излагањето говори за капацитетот.
-Ова уверение е само доказ за капацитетите кои ги има како правник, вели Климовски.