Скопјанец направил хаос, удрил четири автомобили, па побегнал

Скопјанец направил вистински сообраќајен хаос синоќа во центарот на градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 20 часот 55-годишниот Б.К. направил вистински хаос. Тој со својот авотмобил „шевролет калос“ удрил во четири паркирани автомобили на улицата „Шидска“ , а потоа брзо избегал.

Но, од страна на Единицата за прв одговор и интервенција “Алфа” автомобилот е запрен на раскрсницата на улиците  „Ацо Шопов“ со булевар „Партизански Одреди“ при што Б.К. не ги почитувал наредбите, па  го стартувал возилото  и удри во автомобил „БМВ“ сопственост на МВР.

По упатените наредби да излезе од возилото, истиот повторно се обидел да го стартува возилото и да ги повреди полициските службеници. Лицето е приведено, извршен е увид на местото на настанот, по целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.