Претседателот на Турција Абдула Ѓул го потпиша контроверзниот закон со кој се зајакнува контролата на Владата врз правосудството, пренесе „АФП“.
Новиот закон, за време на дебатите во парламентот околу кој избувнаа големи недоразбирања меѓу пратениците, ќе му даде на министерството за правда поголема контрола врз Врховниот совет на судии и обвинители.
Овој закон и законот за зголемување на контролата врз интернетот предизвикаа големи негодувања меѓу турското население и меѓу пратениците.