Пејачката на Гранд се борела до последен здив

Пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, се борела до последен здив, пред брутално да биде убиена со тврд предмет по главата.

Српските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации и извориод истрагата пишуваат дека таа му пружала отпор на напаѓачот кој ѕверски ја докрајчил со тврд предмет удирајќи ја во главата, најверојатно чекан.

-Сопругот на Јелена на рацете има видливи повреди, а тој го пријави исчезнувањето на сопругата четири часа од моментот кога таа заминала да трча. Јелена е пронајдена со искината облека. Најмногу расекотини имаше на главата, но и неколку убоди по телото. Колку се борела засвојот живот покажува и фактот дека од главата и биле искубани неколку прамени од косата, открива извор близок до случајот.

jelena-krsmanovic-ubistvo1

Таа беше пронајдена во канал, на два километри од мостот каде е видена последен пат.

Јелена зад себе ја остави петгодишната ќерка.