Бродиќ: Контролирана нестабилност или политички леб без мотика на СДСМ

Контролирана нестабилност или политички леб без мотика на СДСМ. Ова е насловот на анализата за политичката ситуација во Македонија на хрватскиот новинар Иван Бродиќ, објавен на хрватскиот портал Директно.хр.

Бродиќ пишува дека перцепцијата на Македонија во соседството е прилично компромитирана од мрежата на соработници кои што оформиле невладини организации во државите во окружувањето, а коишто речиси по правило ја поддржуваат опозицијата.

Интересот на опозицијата, што е поддржана и од некои амбасади е промена на ВМРО-ДПМНЕ за да се промени името на Македонија. Тоа е стара приказна што требаше да зврши во 1913-тата што требаше да заврши со поделбата на историска Македонија помеѓу Србија, Грција и Бугарија, но и со создавање на Голема Албанија. Со појавата на суверена и самостојна Македонија, нарушени се интересите што веќе 26 година го корумпираат дел од македонскиот политички естаблишмент, пишува Бродиќ за Директно.хр.

Тој напоменува дека тоа е видливо и во политичката криза во која што што амбасадорите на големите сили го спонзорираат преземањето на власта преку парламентот, а ако тоа не им успева, предизвикуваат нови избори.

Бродиќ: Било какви избори би можеле да ги лишат СДСМ од политичкиот леб без мотика

Бродиќ вели…