
Запознајте ги подобро ликовите на политичката сцена во Словенија и Европа. Европратеничката Тања Фајон, претставник на тврдото лево крило, борец за отворање на европските граници за бегалците, заслужна за „прогресот“ на Словенечката држава и европратеник кој се обидува да ја крои и судбината на Македонија, а против волјата на мнозинството македонски државјани.
Фаворитката на Кучан
Во Брисел засвети нова ѕвезда на Словенската левица, миленичката на доминантните словенски медиуми. Посебно е амбициозна: уште малку недостасуваше да стане европска комесарка, затоа многумина ја гледаат на чело на СД (Социјални Демократи) и левицата, а уште повеќе по последниот марш за поддршка на мигрантите, кога до неа застана поранешниот претседател Милан Кучан. Но, зад светиот лик на Тања Фајон се крие уште многу што друго, за кое што нејзините медиумски обожаватели молчат. Нејзините познавачи велат, дека таа е женската верзија на Борут Пахор, само што е порадикална, а пред сѐ со помалку искуство во политиката. Сака да ги врти новинарите околу малиот прст, а камерите многу повеќе ги привлекува од било кој друг нејзин словенски колега од ЕП, кои имаат далеку повеќе искуство во политиката и поголема тежина во европската политика.
Позната е пред сѐ како некогашна новинарка, дописничка на РТВ Словенија од Брисел, на која и’ успева да оствари политичка кариера, а никој не ја знае поздината. Нејзиното минато е потполна тајна и бидејќи скоро никој не ја познава, може да биде славна и политички ветувачка. Во такви услови може да претендира и за кандидатка за највисоки функции.
Сопруг новинар и снимател од ЕП
Тања Фајон произлегува од угледно новинарско љубљанско семејство. Нејзиниот татко Богдан Фајон биј долгогодишен уредник на РТВ Словенија, нејзината мајка Нева Фајон во истата куќа била монтажерка, помеѓу останатото соработувала на монтажата на пет словенечки филмови. Братот Сашо Фајон е композитор. Има уште две полусестри од првиот брак на татко и, но со нив нема никакви контакти, дури не ги ни споменува во нејзината биографија.
Тања многу е поврзана со нејзината мајка, со која што повеќе пати е видена во јавност, татко и умира од мозочен удар на преминот на векот. Во медиумите отворено говореше за својата успешна победа во борбата со леукемијата, дека го одбила донаторот на коскена срж и оздравела со новиот лек, кој што сега е регистриран и во Словенија. По образование е универзитетски дипломиран новинар, магистериумот по меѓународна политика не го завршила на парискиот универзитет, како што пишува во нејзината биографија, туку на неговата поддружница во Брисел.
Новинарската кариера ја започнува во радио станицата РГЛ, потоа во Радио Словенија, од каде што заминува за дописник во Брисел. Прво ја слушавме со двојно презиме: Тања Фајон Краутбергер. Имено била омажена со новинарскиот колега од Радио Словенија Марко Краутбергер, кој заедно со неа заминува за Брисел. Но, за кратко време потоа, се разведуваат. Имено, таа таму го запознава својот сегашен сопруг, германскиот новинар Веит-Улрлих Браун. Тој бил дописник на Дојче Веле од Брисел, но мандатот му истекол. Тања му обезбедува соодветен договор со РТВ Словенија, како снимател. Покрај тоа, се уште известува за ТВ-станицата ДВ и ВДР.
Интересно е и…