
Тренерот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Симеоне откри дека сака секоја недела да игра или против каталонскиот гигант Барселона или против градскиот ривал Реал (М).
“Мислам дека и ние ќе профитираме од тие натпревари. Во спортските весници има 10 страни кои и се посветени на Барселона и 10 страници кои му се посветени на Реал (М). Ако двата тима победат по 4:0, тогаш кога ќе ги прочитате тие страници ќе добиете впечаток дека победиле со 16:0. Постојано ја гледаме снимката од тој натпревар, постојано имаме снимка од погодокот на Реал (М) или Барселона. Се создава таква атмосфера дека е подобро да не играте против тие два тима. Добивате впечаток дека и без игра сте го загубиле натпреварот. Јас би сакал да играме секоја недела”, изјави аргентинскиот стручњак.