Едно лице повредено во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Тешка сообраќајна нереќа се случи денеска на патот Градско – Прилеп, во која повредено е едно лице.

– Во 12:10 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци била пријавена сообраќајка после бензинската станица кај росоманското село Сирково. Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сонзанија од терен, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопштуваат од СВР Велес.

Увидот на местото на нсреќата е во тек.