Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ги демантира тврдењата за недоставувањето на анкетен лист.
Согласно обврските, во законски предвидениот рок, уште на 08.02.2016 година до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го доставив анкетниот лист.
Ја користам оваа прилика, да ја повикам јавно Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него, се вели во демантот.