
Одлуката на Зоран Заев и СДСМ да избегаат од соочување со народот непојавувајќи се на избори наиде на потсмев од страна на граѓаните.
Тие преку социјалните мрежи се исмеваат на однесувањето на опозицискиот партиски лидер кој бараше избори, а сега бега од нив и најавува бојкот.
За граѓаните е сосема јасно дека СДСМ бега од изборите бидејќи знае дека на нив ќе биде поразен. Релевантните институции ги измерија рејтинзите и му воочија на СДСМ дека граѓаните немаат доверба во нив. Тие му порачуваат на Заев дека неговата одлука е смешна бидејќи со ваква одлука СДСМ ја покажа својата паника, а Заев својот страв.
Во продолжение пренесуваме само дел од коментарите со кои граѓаните буквално се потсмеваат со СДСМ, партија на која и предвидуваат дека со вакви челници, брзо ќе згасне.