
Ријана, која моментално се наоѓа на светска турнеја на која што го промовира нејзиниот албум „Анти“ воопшто не очекуваше дека на концертот во Монтреал ќе ја запознае нејзината верна обожавателка која е целосно неодолива…
Го запознав овој мал ангел синоќа на сцената! Облечена е како мое мини издание на постерот што ја најавува турнејата! Толку беше преслатка што неможев да и’ одолеам! – Напиша Ријана до фотографијата што ја објави на Инстаграм, со која што најави уште еден концерт, поради фантастичниот дочек од публиката.