Се ближи летото, а вие сакате да намалите некој килограм и да не се чувствувате надуено – тоа ќе го потигнете со оваа свежа салата, која воедно е и многу здрава.
Потребни состојки:
1 китка рукола
1 краставица
1 авокадо
Неколку маслинки
маслиново масло, јаболков оцет или сок од лимон
Начин на подготовка:
Се мие руколата, се цеди и се сецка. Авокадото и краставицата се сечат на коцки, се додава и магдоносот и неколку исецкани маслинки. Се посолува,се додава маслиново масло и оцет или лимон.