Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во Косово.
Дачиќ во рамки на престојот во Косово ќе посети, како што стои во соопштението на српското министерство за наворешни работи, „објекти од српското културно наследство во Косово и Метохија кои се под заштита на УНЕСКО“, пренесе МИА.
Дачиќ ќе ги посети подрачјата на културното наследство во Косово и Метохија кои се регистрирани во списокот на културно наследство на УНЕСКО, патријаршијата во Пеќ, црквата во Призрен и манастирот во Грачаница, објавија косовските медиуми.
Посетата тој ќе ја искористи и за разговор со српските свештеници, каде се верува дека ќе упати и политичка порака пред парламнтарните избори во Србија.