
Утре без вода ќе останат делови од општина Центар и од село Ракотинци.
Како што информираат од РЦУК по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација утре поради изведување на водоводен приклучок ф125мм на ул.Орце Николов бб ( пред Комерцијална Банка ) , прекинато водоснабдување од 08:30 часот, ќе имаат корисниците на потегот од Охридска Банка до Стоковна куќа се до санирање на дефектот. ( општина Центар )
Исто така утре поради чистење и хлорирање на резервар Ракотинци ќе има прекин на водоснабдување на корисниците од село Ракотинци, од 09:00 до 14:00 часот. ( општина Сопиште )