
Најголемата ѕвезда во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Суарез откри дека капитенот на “црвените”, Стивен Џерард е најзаслужен за неговото останување на “Енфилд”.
“Џерард ја одигра можеби најважната улога кога е во прашање моето останување на “Енфилд”. Постојано ме убедуваше дека ова е вистинската средина за мене. Тој не ми зборуваше позади грб, не зборуваше пред медиумите, ми зборуваше во лице. Во тие моменти сфатив дека Џерард не е само фудбалска легенда, дека е легенда на Ливерпул. Ми зборуваше од срце и тоа со часови, ме убедуваше да останам. Ми кажа дека сум најдобриот напаѓач со кого играл во неговата фудбалска кариера, а јас знам кој се играл во нападот на Ливерпул, кои напаѓачи му беа соиграчи на Џерард. Никогаш нема да го заборавам неговиот совет, неговите зборови”, изјави репрезентативецот на Уругвај.