На манифестацијата “Автомобил на годината во Македонија” синоќа официјално признанието СУВ за 2014 е доделено на моделот Renault Captur.
„Елегантен и отмен како одвнатре така и однадвор, автомобил со типичен карактер и гени препознатливи за Renault”, изјави Симона Николовска,лице одговорно за односи со јавност и маркетинг на Аутомотив Груп.
Од жирито велат дека се работи за целосно нов модел што е ценета карактеристика и ги прати сите потреби на современиот потрошувач. Во него се вградени сите најнови технолошки решенија вклучувајќи ги и економичните мотори кои ги исполнуваат строгите критериуми.
Едногласната одлука на националното жири е уште една потврда за иновативниот спој на стилот и функционалноста на Captur кој веќе е препознатлив на јавноста по својот дизајн, удобност и опрема.
С војата титула како најдобар меѓу останатите автомобилски креации ја прослави со коктел забава за своите блиски соработници и пријатели кои уживаа и прославија во познат скопски локал.