Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски на Фејсбук објави фотографии од реконструираните железнички станици.
Реконструирани се железничките станици во Велес, Прилеп, Градско, Демир Капија, Неготино и Табановце.
Оваа година ќе се реконстуираат уште четири железнички станици во рамки на истиот проект и тоа во Битола, Чашка, Богомила и Гевгелија. Проектот се реализира во соработка со ЕУ и чини околу 2 милиони евра.