Ракометарите на Барселона брзо го преболеа поразот од Металург во рамките на Лигата на шампионите,така што ја продолжија доминацијата на домашната сцена. Тие покажаа зошто важат за главни фаворити за трофејот во Копа Дел Реј откако рутински се пласираа во полуфиналето, откако го совлада Пуерто Сагунто 42:21.
Македонскиот репрезентативец уште еднаш беше меѓу најдобрите во таборот на Барселона, постигнувајќи шест погодоци, исто колку и Гарсија, а еден повеќе од Томас и од Нодезбо.
Поразот од Металург беше прв за каталонците во било кое натпреварување оваа сезона, но јасно е дека овој тим останува главен фаворит за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.