Исчезнаа две девојки и едно момче

Во понеделникот околу 07.30 часот од својот дом во непознат правец се одалечило седумнаесетгодишно девојче од селото Пиперово, Струмичко.

Вчера во 15 часот во Полициската станица „Чаир“, М.И. (49) од Скопје пријавил дека на 05 април околу 23.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син И.И. (20).

Во 21.30 часот во станицата во Битола, К.Н. (51) од Битола пријавил дека истиот ден околу 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.Н. (25).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.