Германка уапсена во близина на Идомени

Една Германка е уапсена во близина на кампот за бегалци во Идомени откако грчката полиција го ограничи присуството на активисти во областа, јави дописникот на МИА од Атина.

Полицијата соопшти дека жената е уапсена поради носење хемиски спреј што се користи за одбрана, таканаречен „пепер спреј“ . Полицијата исто така постави блокади на патот кон дивиот камп.

Полициски патроли денеска спроведуваат проверки меѓу различни улични продавачи во областа.