![palenje-kanc2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/palenje-kanc2.jpg?resize=520%2C329&ssl=1)
Околу сто дежурни демонстранти на СОРОС го започнаа протестот пред зградата на СЈО. Тие втор ден протестираат против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за помилување на политичари и нивни соработници кои се дел од нелегално прислушуваните разговори, јавува Република.
Толпата која почна да се собира околу 18 часот ја сочинуваат членови на невладини организации и здруженија и гражани под закрила на СДСМ и финансирани од СОРОС.
Протесниот марш од пред зградата на СЈО заврши пред Канцеларијата на претседателот, каде што почнаа да дивеат, да палат и да каменуваат, како што се гледа и од објавените фотографии. На канцеларијата на претседателот беше фрлен запален факел и направена е материјална штета.