Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи особено во источните делови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од западен правец кој во западните делови на моменти ќе достигнува брзина од над 80 километри на час.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува засилен западен ветер. Утринската температура до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на стабилно и топло време со умерен југозападен ветер.