
Со жените никогаш не се знае. Понекогаш без причина се предизвикувачки и страствени, а понекогаш дури ни најголемиот шармер со нив не би можел да излезе на крај. Сепак, постојат мали знаци што упатуваат на тоа дали токму тој ден жената е расположена за секс или не.
За почеток, важно е да знаете дека женската сексуалност во голема мерка ја одредуваат хормоните. Најсилното либидо е непосредно пред и за време на плодните денови. Поточно, веднаш по завршетокот на „оние денови“.
Освен хормоните на желбата за секс влијаат голем број фактори, а меѓу останатото и тоа кој ден е во неделата. Истражувањето спроведено на голем број сингл девојки и жени во озбилни врски, открило дека слободните жени би сакале да водат љубов во понеделник и среда, а оние ѓто се во врска во петок или сабота.