Иванов: Илјадници деца се едуцираа во канцелариите, а некој се осудува да ги пали и демолира

Тие млади деца кои влегле и ја запалиле народната канцеларија, треба да знаат дека тоа не е моја лична канцеларија таа е канцеларија на граѓаните. Илјадници луѓе добија помош и поддршка од таа канцеларија. Илјадници млади деца се промовираа и едуцираа преку таа канцеларија. Им ја убивате надежта на сите нив? Што сакате со тоа да постигнете, праша претседателот Иванов.