Група мигранти од Авганистан се забарикадирале утринава во една куќа во Белград, на улицата „Сињска“ во близина на Синиот мост.
Како што јавува српски „Курир“ екипите на белградската полиција веднаш излегле на лице местото и во тек се преговори со мигрантите што се забарикадирале во таа улица.
Неофицијално, станува збор за група мигранти за кои што засега не се знае ниту како пристигнале, ниту што бараат. Сопственикот на куќата каде што престојуваат е во Германија.
Според тврдењата на очевидците, мигрантите со полицијата преговараат преку прозорецот.