
Најмалку 30.000 луѓе во последните 48 часа го напуштиле подрачјето на северниот дел на Сирија поради судири на џихадистите и бунтовниците, објави денеска Хјуман Рајтс Воч (ХРВ), повикувајќи ја Турција да ја отвори границата за тие луѓе.
ХРВ ги обвини припадниците на турската погранична стража дека пукале на некои од раселените лица во провинцијата Алепо, кои тука побегнале поради судирите.