
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (34) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
При претрес во домот на пријавениот, сокриена во тегла, пронајдена била помала количина тревкаста материја спакувана во хартиена опаковка како и еден куршум калибар 7,62 милиметра од непознато потекло. Пронајдените предмети биле одземени и предадени за вештачење во Министерството за внатрешни работи.
Од добиените анализи, утврдено е дека растителниот материјал од теглата со нето маса од 5,27 грама била марихуана, растителниот материјал од хартиеното пакување со нето маса од 0,20 грама била мешавина на тутун и марихуана, додека пронајдениот куршум е од кинеско производство.
А.Б. и предходно и е познат на службата и против него по слични основи биле поднесувани кривични пријави.