
Тој нагласи дека тоа не е нормално за една демократија, тоа ги руши принципите, тоа ја руши државата.
-Сите ние можеме, кога на пример чувствуваме дека имаме помала подршка да бегаме од избори, но тоа не е начин. Јас се сеќавам во 2004 година, анкетите покажуваа дека пред изборите против кандидатот на господинот Кедев за претседателски кандидат имаше предност. Можев да избегам од изборите, можев да најдам милион причин, да кажам дека нема да учествуваме на изборите, меѓутоа влеговме чесно, влеговме со добри идеи, влеговме со цела наша енергија, сите заеднички да се обидеме да го престигнеме резултатот, тоа ме чинеше многу тоа ме чинеше потоа поделба во партијата, излегување на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.