
-Меѓутоа, како времето се наближуваше, така Заев се повеќе сфаќаше дека ја нема подршката од граѓаните што ја очекува. Тој мислеше дека со тие фабрикувани материјали ќе го измами мнозинството од народот и ќе го привлече вниманието кон себе, односно подршката кон себе. За среќа тоа не се случи, луѓето како што одминуваше времето сфаќаа дека се дел од една голема игра, една игра во која што Заев е само инструмент кој што ќе постигне одредена негова лична цел, односно сака да постигне негова одредена лична цел, но дека играта е многу поголема ги свати ја работите и сите јавни истражувања на јавното мислење покажаа дека работите не одат во правец во кој што Заев а веројатно и неговиот позадински подржувач очекуваа и од тие причини како што се доближуваше периодот за 24 април така се повеќе Заев и СДСМ бараа да дојде до одлагање, рече Груевски.
Поддржани од многу други фактори, нагласи тој, некако се издејствува одлагање а и ние не сакавме сами да одиме на избори во тој период затоа што се издејствува и другите две поголеми партии од четирите големи партии да се откажат од изборите, но постигнавме цврст договор дека тоа повторно нема да се случи и дека ова одлагање од 24 април за 5 јуни ќе биде едно и единствено и токму заради тоа сега само СДСМ е таа со своите помали сателити и партии што не сака да се појави на следните избори.