Мистериозна виде снимка, насловена „Лимонада“ (Lemonade) се појави на социјалните мрежи, а истовремено ги збуни и обожавателите на Бионсе Ноулс затоа што никој не знае за што всушност станува збор и што може да се очекува.
Дали ова видео е најава за нов спот, документарен филм, серија, албум или пак само реклама за пијалак?
Бионсе го објави ова видео, а освен дека премиерата ќе биде на 23-ти април во 21 часот, нема други информации.
Пејачката очигледно го постигна она што го сакаше, а тоа целиот свет да размислува за нејзиниот следен потег.