Граѓаните што изминативе денови протестираа против аболицијата на претседателот Иванов и кои бараа оставка на градоначалникот Владимир Талевски денес гласаа да се избркаат новинарите и камерманите од пред Офицерскиот дом, каде што тие одржуваа Пленум, објави СДК.МК.
На другиот крај од Широк Сокак, кај плоштадот Магнолија вечерва се собраа приврзаниците на власта од граѓанското здружение ГДОМ кои застанаа во одбрана на градоначалникот Владимир Талевски. Тие се упатија кон седиштето на СДСМ.
Синоќа во Битола дојде до инцидент во кој пред општинската зграда беа полесно повредени десетина демонстранти и четворица полицајци.