
Во вестите на ТВ Нова свој коментар на случувањата даде Братислав Димитров кој беше дел од собирот во Велес.
-Пораките кои ги испраќаме се многу прецизни и едноставни. Држава се создава, чува и унапредува со љубов и патриотизам. Ние со ГДОМ одиме насекаде и правиме собири, а не протести. На нашите собири се пеат патриотски песни, има хумор, голема емоција. Нашата поента е да ја демистифицираме оваа политичка катаклизма која ни се случува со многу валкани игри, со многу нелогични пресврти во политичките ставови, во желбите на опозицијата, со скоро на 5 минути деманти, тоа е едниот аспект. Вториот аспект е да пратиме порака дека сите сме Македонци без разлика на политичко и било какво уверување или убедување. Не треба да упаднеме во варијантата на меѓусебен судир затоа што за жал тоа е крајната цел на ова сценарио бидејќи тие не можат да добијат на регуларни избори, вели тој во вестите на ТВ Нова.