
Покрај тоа што лукот е еден од најздравите производи, тој е еден од растенијата што најлесно може да се одгледуваат во домот. Овој лук е многу поевтин од оној во продавница, но е и многу поздрав.
Еве што ви е потребно за одгледување лук во вашиот дом:
- Една глава лук
- Земја
- Саксија
Упатство:
Наполнете ја саксијата со земја. Раздвоете ја главицата лук на чешниња и секој од нив засадете го вертикално со из’ртениот дел нагоре на длабочина од 2, 5 сантиметри. Покриете ги сите чешниња со земја.
Саксијата ставете ја на некое место каде има многу директна сончева светлост. Водете сметка редовно да го полевате, како и секоја друго домашно растение.
Листовите кога ќе пораснат на околу 8-10 сантиметри скратете ги на големина од околу 2,5 сантиметри за да можат повторно да пораснат. Листовите во одреден миг ќе престанат да растат.
Кога ќе се исушат и ќе станат кафени ископајте ги чешнињата што сте ги насадиле и ќе најдете цела главица. Од новата главица можете повторно да ги посадите чешнињата и да почнете од почеток.