
Во март 4.930 мигранти илегално ја поминале границата, што е за 10 проценти помалку во споредба со истиот месец во 2015 година.
Од „Фронтекс“ меѓу другото констатираат дека благодарение на договорот на ЕУ со Турција за ограничување на мигрантскиот проток и операцијата на НАТО во Егејското море, значително е намален бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови.
Во текоте на март тој број бил 26.460, што е помалку од половина од бројот регистриран во февруари оваа година, а е сепак три пати поголем од март минатата година.
– Во првата половина од април се регистрирани 100 лица кои пристигнуваат дневно, се посочува во соопштението од „Фронтекс“ и се додава дека се зголемува мигрантскиот проток по централно средоземноморската маршрута преку Италија односно во март 9.600 мигранти пристигнали на Апенинскиот полуостров.