Преку соопштение Музејот на македонската борба – Скопје денеска ги осуди оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија.
– Осуда на нападите врз Порта Македонија НУ Музеј на македонската борба – Скопје најостро ги осудува нападите и оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија, кој, меѓу другото, е споменик заштитен со закон. Со овие напади не само што се прави материјална штета на објектот, туку се гази и врз значењето на споменикот Порта Македонија како симбол на обединување на сите генерации и симбол на победата на македонската реалност, мирот и на многувековната борба за слобода и осамостојување, се наведува во реакцијата.