Со возбуда се очекува преносот на доделувањето на Оскарите во Лос Анѓелес на втори март, каде што тимот на ФХ3Х навива за филмовите „The Lone Ranger” и „Iron Man 3” во чии визуелни ефекти учествуваа и тие, како дел од долгогодишната соработка со Industrial Lights & Magic и Scanline.
Во меѓувреме со гордост од ФХ3Х објавуваат соработка на уште два проекта: соработката на филмот „The Snowpiercer“ која се оствари со Scanline Munchen и на која работеа осум артисти во текот на два месеца и на кој ја изработуваа околината (планинскиот предел) во кој се одвива финалето од филмот. Филмот е научна фантастика со дејство во иднината каде по неупешен експеримент, глобалното затоплување убива се на планетата. Snowpiercer е воз кој кружи околу планетата со перпетуум мобиле машина, и во кој започнува да се создава класна хиерархија. Филмот веќе ја има својата Европска премиера по прикажувањето на Берлинскиот фестивал.
Вториот проект кој го објавуваат е соработката со MPC Technicolor на епизоди од последната сезона на Game of Thrones. Овој проект започна на осми јануари, на него работат 29 артисти, досега се направени 126 кадри во должина од 8,30 минути, на кои најинтензивно се работеше од 13 јануари до 20 февруари. Овој проект ќе продолжи и понатаму.
По „Робокап“, ова се првите нови проекти кои ги објавуваат во 2014, како предводници на уште многу интересни кои следат во текот на годината.