ВИДЕО: Бојадисајте велигденски јајца со помош на вратоврска

Во пресрет на велигденските празници Ви предлагаме нов начин на бојадисување на јајца – со помош на вратоврска!

Распарајте ја вратоврската, извадете ја внатрешната ткаенина и исечете ја на делови со должина од околу 20 цм.

Завиткајте по едно јајце во секое парче, такашто лицето на ткаенината да биде до јајцето, а опачината однадвор, а горе врзете ги за да не можат да испаднат.

Потоа, секое јајце кое сте го завиткале во вратоврската завиткајте го со обична ткаенина од некоја стара маица или крпа. Исто така, горе затворете со конец или со пластична жица.

јајца

Јајцата ставете ги во сад од нерѓосувачки материјал, никако во алуминиумски, затоа што нема добро да се обои. Прелијте со ладна вода, такашто висината на водата да биде барем 2-3 цм над јајцата, а потоа додадете две лажици оцет.

Ставете на шпоретот, загрејте на средна температура и варете полека околу 20 минути. Потоа извадете ги јајцата и оставете ги потполно да се оладат.

Кога се ладни на допир, извлечете ги од ткаенината и уживајте во резултатот!