
Плоштадот Македонија беше претесен за да ги собере сите граѓани кои со лица полни насмевки и среќа доаѓаа да ги пречекаат кошаркарите и ракометарите по големите натпреварувања и испишување на историски спортски успех за Македонија, пишува „Курир“.
Пречекувани на аеродором и на граница, пратени со громогласни аплаузи, нашите кошаркари и ракометари, триумфот го прославија со македонските граѓани кои едвај дочекаа спортистите да поминат низ Порта Македонија, па преку плоштадот да дојдат до бината и уште еднаш аплаудирајќи им да се заблагодарат за успехот. На овие пречеци повеќе од видливи беа сплотеноста, насмевски, радоста и солзите од среќа од очите, пред се на спортистите кои, како што и сами кажуваа, не очекувале таков пречек. Тогаш сите покаа дека знаат како се сака Македонија.