
Попладнево околу 17 часот каменуван е новиот воз број 2021, кој сообраќа на релација Табановци – Скопје по напуштањето на станица Куманово во населбата Черкези.
Од Македонски железници соопштија дека нема повредени, но од каменувањето направена е материјална штета односно напукнато е странично прозорско стакло на возот.