Доколку ја исполни сега веќе единствената зацртана цел за актуелната сезона во англиската Премиер лига, пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес ќе добие на располагање буџет од 200 мил. евра и истиот ќе може да го потроши на неколку квалитетни засилувања кои би пристигнале на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.
Наследникот на сер Алекс Фергусон, кој важи за единствен виновник за очајните резултати во актуелната сезона, веќе составил список со неколку фудбалери кои сака да ги има на располагање во новата клупска сезона.
Мојес сигурно ќе испрати официјална понуда до офазнивниот лев бек на Саутемптоб Лук Шоу кој е проценет на 20 мил. евра. Следен на списокот е фудбалерот на Баерн (М), Тони Крос кој е проценет на 30 мил. евра.
Точно 38 мил. фунти, Мојес ќе треба да одвои доколку сака во новата сезона на располагање да ги има услугите на францускиот интернационалец од редовите на Порто, Елиакуим Мангала.
Стандардниот првотимец во дресот на Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган важи за идеално засилување кога е во прашање средниот ред, а во списокот може да се прочита и името на централниот дефанзивец на Спортинг од Лисабон, Вилијам Карваљо.