
Протестот организиран од страна на партиите Движење за реформи во ДПА и Организацијата на воени ветерани на УЧК во неколку работи наликува на протестите кои ги поттикнува и поддржува Зоран Заев, пишува „Курир“.
Порталот пишува дека ветераните на УЧК исто како и поддржувачите на Заев платени од СОРОС, сквернават споменици кои ја симболизираат вековната македонска историја.
Во рамки на денешниот протест Албанците кои излегоа на улица, исто како и активистите на СДСМ го „нападнаа“ спомен обележјето на АСНОМ во центарот на градот.
Во рацете на големите Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Панко Брашнаров и другите великани на македонската историја се поставени албански знамиња. Врз споменот на овие Македонци, протестантите поставуваат пароли за “hot line“!
На собирот се испраќаат повици за Илирида. Но, се бара и одложување на изборите што всушност е барање на Зоран Заев, а демонстрантите зборуваат исклучиво на албански јазик.