ГДОМ во Велес: Наместо црвена фонтана, опозицијата да понуди алтернатива за младите

ГДОМ во Велес: Наместо црвена фонтана, опозицијата да понуди алтернатива за младите
ГДОМ во Велес: Наместо црвена фонтана, опозицијата да понуди алтернатива за младите
Во Велес вечерва се одржа собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Еден од говорниците на собирот, Александар Сашко Кукулев, во интервју за Телевизија Нова најпрвин ги поздрави сите оние коишто по речиси две години агонија сакаат да ја видат Македонија како продолжува по патот на напредокот, а потоа изјави дека на вечерашниот собир на ГДОМ во Велес порачале дека покрај тоа дека мора да има избори на 5 јуни исто така понудиле и неколку алтернативи за протестите на опозицијата.

Aleksandar-Sashko-Kukulev

-Понудивме наместо џебови и ранци полни со камења и скршени фасади, излози, згради, институции и тепачки со полицијата, опозицијата да излезе и да понуди решенија. Наместо секоја скршена фасада нека предложат мерки што би направиле, на пример, во земјоделството. Наместо секоја тепачка со полицијата, нека излезат и нека му соопштат на народот што би направиле на полето на здравството. Наместо црвена фонтана, наместо крв во фонтаната и наместо такви хорор приказни и слики што можевме да ги гледаме, нека понудат алтернатива за младите, рече Кукулев.

veles-gdom33

„Македонија да се врати на вистинскиот колосек и борбата да биде единствено и исклучиво во идеите, а не во тоа кој ќе биде понасилен“, заклучи Кукулев.