
Никогаш досега меѓународен договор не бил потпишан од толку земји за еден ден. Настанот се совпадна со вчерашниот Ден на Земјата.
Петнаесет од потпишаните земји, повеќето од кои се мали островски држави, веќе го ратификуваа договорот, кој има за цел да ги забави климатските промени.
Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван од 55 земји, одговорни за најмалку 55 отсто од емисиите за штетни гасови.
Францускиот Парламент ќе го разгледа договорот на 18 мај, и се очекува да биде ратификуван до летото, изјави на церемонијата по потпишувањето на договорот францускиот претседател Франсоа Оланд.