Охрид промовиран пред најеминентните туристички работници во Виена

Настанот за промоција на Охрид пред најеминентните туристички работници беше во организација на градоначалникот Бакрачески заедно со Амбасадата на Република Македонија во Австрија и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузана Родлер.

ohrid

Присутните преку обраќањето на градоначалникот, видео спотовите и промотивниот материјал имаа можност да ги доловат природните убавини на градот и големиот број на културно историски знаменитости.

ohrid7

По завршувањето на презентацијата присутните имаа можност на коктел од традиционални јадења да ја вкусат македонската кујна и да уживаат во вкусовите на разновидните вина од винаријата „Далвина“, која даде целосна поддршка на настанот.

ohrid6

На манифестацијата се отвори можност за неколку соработки во иднина со австриските туристички работници, за ставање на Охрид на туристичката мапа на австриските туристички агенции и туроператори.

ohrid5

ohrid4

ohrid3