
За појадок подгответе вкусен омлет со зачини во вид на ролат со фил од шунка.
Состојки:
3 јајца
250 мл млеко
200 гр брашно
шунка
1 лаж сечкан магдонос
1 лаж сечкан босилек
сол по вкус
бибер по вкус
масло по вкус
Поделете ги јајцата на жолчка и белка. Жолчката изматете ја со млекото и брашното, посолете и забиберете. Во смесата после измешајте снег од белка, исчекан магдонос и босилек.
На врело масло испечете четири омлета.На секој од нив ставете шунка и завиткајте во ролат.