Обама: САД и Европа имаат капацитет да ја креираат својата иднина

Во својот говор во Хановер американскиот претседател барак Обама, кој се наоѓа во посета на Германија, главниот акцент го стави на Русија, која што ја критикуваше за нејзиното досие за човекови права, медиумите и судството.

– Варвари убиваа луѓе во Париз, Брисел, САД и на други места. И тоа не’ прави несигурни не само за нас туку и за тие што ги сакаме. Конфликт во Сирија и други земји придонесоа милиони луѓе да дојдат на границите на Европа. Руската агресија врз суверена европска нација Украина ги вознемири нашите сојузници во Европа и се закани на визијата за целовита, слободна и Европа во мир. Се чини дека направија штета на прогресот направен по студената војна. Сите овие предизвици придонесоа некои луѓе да се запрашаат дали европската интеграција може да продолжи. Дали можеби треба да се случат нови поделби и дали треба повторно да се цртаат на границите кои што постоеа во дваесетиот век“, изјави Обама на прес-конференцијата во Хановер.

Американскиот претседател сепак е уверен дека западните сојузници нема да дозволат некој друг да ја креира иднината за нив. Тој смета дека треба да се верува во капацитетот на Европа и САД сами да ја креираат својата иднина што не значи дека треба да бидат самозадоволни од ситуацијата во која што се.

Посетата на Германија е последна во неговиот мандат како претседател на САД. Негова главна задача за време на средбите во Германија е да обезбеди потпишување на договорот за трговско партнерство (ТТИП) меѓу САД и Европската Унија.