Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Лазарово Воскресение“ лоциранана ул.„Пат за Китка“ на тој начин што насилно делувал на еден од прозорите, влегол внатре и од помошната просторија каде се продавале свеќи одзел околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.
Во манастирот „Преполовение Руса Среда“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што насилно делувал на бравата од влезната врата, влегол внатре, одзел околу 2.600 денари, а потоа го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.