
Како што денеска соопшти МВР, возилото на даден знак со ротационо светло за запирање од страна на полицијата ја зголемило брзината и продолжило со движење во правец на Демир Капија. Од страна на полициските службеници, возилото е проследено и во близина на Демир Капија, во близина на бензинската пумпа на „Мак Петрол“, возачот го запрел возилото и се дал во бегство. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки не одговараат на истото, а во внатрешноста на возилото се откриени 15 лица-мигранти од Авганистан.
Во непосредна близина на реката Вардар во близина на железничката пруга, стои во соопштението, било забележано лицето кое го управувало возилото, при што е лишено од слобода. Се работи за Н.С.(1995) од Р.Србија со српска лична карта. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден на судија од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.