
Студениот бран кој денеска ја зафати Македонија вечерва донесе снег на повисоките места во западна Македонија.
Според последните информации, слаб снег во моментов провејува на Маврово и Попова Шапка како и на планинскиот превој Стража.
Единствен град во кој во моментов има слаби снежни врнежи е Дебар, каде моменталната температура е само 1 степен.